ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Врз основ на одредбите на Законот за туристичка дејност Сл. Весник на РМ бр.62 од 2004 година, како и Законот за дополнување на законот за туристичка дејност Сл. Весник на РМ бр.103 од 2008 година, ДТУ ЕЛ МУНДО ДООЕЛ Скопје или Туристичка агенција ЕЛ МУНДО со седиште во Скопје на Бул. Партизански одреди бр. 62А  1/001 – 48 Скопје, Карпош, на ден 01.02.2012 година ги утврди Општите услови за патување.

1. ПРИЈАВА, ДОГОВОР ЗА ПАТУВАЊЕ И УПЛАТИ

За патувања кои ги организира Туристичката агенција ЕЛ МУНДО ( во понатамошниот текст  - Организаторот ), патникот може да се пријави во просториите на Туристичката агенција наведена во заглавието на текстот.

Рок за пријавување на патникот е најдоцна 20 дена пред почетокот на патувањето, доколку патникот не поседува влезна виза за земјата за која се пријавува за патување. Доколку патникот поседува влезна виза, пријавувањето е до пополнувањето на местата доколку не е поинаку наведено во конкретната програма на патување.
Пријавата станува полноважна со склучување на писмен Договор помеѓу Организаторот и Патникот. Организаторот е должен на патникот да му издаде оригинал на Договорот. При пријавувањето, Патникот е должен да уплати 30% од вредноста на патувањето, а остатокот од договорената цена 15 дена пред почетокот на патувањето доколку не е поинаку наведено во конкретната програма за патување. Доколку Патникот во наведениот рок не го плати патувањето во целост, ќе се смета дека го откажал патувањето во согласност со точка 10 од овие Општи услови на патување. Плаќањето се врши исклучително во Денари.

2. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊА

Обврски на Организаторот пред почетокот на патувањето се:
  • Да склучи Договор за патување со Патникот;
  • Да го обезбеди Патникот со печатена програма на патувањето и Општите услови за патување;
  • Да го информира патникот за патничко осигурување;
  • Да го информира патникот дали му е потребна виза за конкретното патување;
  • Пред и за време на патувањето, а во согласност со добрата деловна политика да се грижи за правата и интересите на патниците.

3. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Обврски на Патникот пред почеток на патувањето се:
  • Детално да се запознае со печатената Програма за патување, Општите услови за патување како и со  условите за патничко осигурување. При потпишувањето на Договорот за патување ( во свое име или во име на корисникот на услугата во Договорот во чие име потпишува ) да потврди дека во целост ги прифаќа условите наведени во овој параграф;
  •  Да го уплати износот по договорената цена под услови, во рокови и на начин предвиден со овие Општи услови за патување;
  • На Организаторот навремено да му ги достави точните податоци и сите документи потребни за организирање на патувањето.

4. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО

Цената во програмата за патување може да биде изразена во странска валута, денари или комбинирано. Уплатата е исклучиво во денарска противвредност по пресметан курс утврден со Одлука на Организаторот.
Факултативните излети и влезници за објекти во странство Патникот ги плаќа во странска валута во земјата на дестинација, на странскиот партнер на Организаторот, а преку овластениот (од Организаторот) придружник на патувањето.
Утврдената цена на Програмата за патување се формира врз основа на деловната политика на Организаторот и не може да биде предмет на приговор или рекламација. Во цената на патувањето по правило се вклучени следните услуги: услуги за превоз, сместување, храна, трансфери, туристички водич и трошоци за организирање на патувањето. Може да бидат вклучени и други услуги кои се наведуваат во конкретната Програма на патување.
Во цената на патувањето доколку со Програмата на патување не е поинаку предвидено и посебно договорено, НЕ се вклучени: аеродромските и пристанишни такси, услугата за обезбедување на виза, патничко осигурување, факултативни излети и посети, влезници за споменици и објекти кои се посетуваат, сместување во еднокреветни соби и соби со посебни карактеристики ( спрат – кат, ориентација, тераса и сл ), “room service”, користење на собниот бар, клима уреди, телефонски, медицински и други услуги, додатни оброци, користење на лежалки и чадори за сонце и сл.
Напомена: Износот на аеродромските такси наведени во Програмата на патување е од информативен карактер бидејќи е променлива категорија. По правило, Авиокомпанијата крајниот износ на аеродромските такси го одредува при издавањето на авиобилетите кои за групни патувања се издаваат 48 часа пред полетувањето. Организаторот го задржува правото да ги наплати аеродромските такси според задолжението од авиокомпанијата.
Содржината на патувањето е целина на услуги опишани и понудени во Програмата на патување, кои што Организаторот на патувањето ги пружа во текот на патувањето за кои што објавил единствена цена. За реализација на содржината на патувањето во согласност со Програмата, во текот на самото патување, се грижи водич, придружник или претставник на Организаторот на патувањето, кој е задолжен за информирање и асистенција на патниците на самото место според Програма на патување што претставува основа на нивните услуги. Инструкциите и упатствата на туристичките водичи, придружниците или претставниците особено во врска со времето на поаѓање, законските и други прописи на државите каде што се одвива патувањето и др. го обврзуваат Патникот. Непридржување кон споменатите инструкции може да доведат до непријатности по самиот Патник чии што последици ги сноси самиот Патник. Организаторот не е одговорен за дополнителните услуги кои ги пружаат и наплаќаат странските партнери, а не се наведени во Програмата на патување.
За Програма на патување со авион состанокот на групата е 2 часа пред предвиденото време на полетување на Скопскиот аеродром ( доколку не е поинаку назначено во конкретната Програма ).
За Програма на патување со автобус состанокот на групата е 30 минути пред предвиденото време на поаѓање на договореното место.
Времетраење на патувањето се изразува со број на календарски денови, сметајќи од денот на поаѓање до денот на враќање без оглед на време – час на поаѓање првиот ден или пристигнување последниот ден на патувањето.

Организаторот е должен да го контактира патникот еден ден пред почетокот на патувањето доколку има некаква промена во времето на тргнување. Истата обврска ја има и Патникот – да провери дали има промени во времето на поаѓање.

5. ИЗМЕНА НА ЦЕНИ И ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ

Организаторот може да бара повеќе договорени цени пред почетокот на патувањето доколку по склучувањето на Договорот дошло до промени во курсот на менување на валутите, измена на тарифите на превозникот во законски предвидените случаи како и во случај на недостаток на минималниот број на патници предвиден со Програмата за патување. За покачување на објавените цени до 10% не е потребна согласност од патникот. Доколку зголемувањето на договорената цена надминува 10% Патникот може по писмен пат да го раскине Договорот без обврска за Организаторот за надомест на штета, но најдоцна во рок од 48 часа од доставување на писменото известување за зголемување на цената. Во тој случај Патникот има право на рефундација на средствата кои ги уплатил. Доколку во назначениот рок патникот по писмен пат не го извести Организаторот дека се откажува од Договорот, ќе се смета дека ја прифатил новата цена.

Дополнително објавување за намалување на цената на Програмата ( пример – попусти од типот “Last minute”) не може да се однесуваат на веќе склучени Договори и не може да бидат основ за било каков приговор или рекламација од страна на Патникот кон Организаторот.

6. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Сместувачките објекти, превозните средства и другите услуги во програмата се опишани според службена – официјална категоризација на секоја поединечна земја, се разликуваат по ниво на квалитет, за секоја земја поединечно. Организаторот не може да влијае на законската категоризација во земјите каде што се одвива Програмата.

7. СМЕСТУВАЊЕ И ИСХРАНА

Смесувањето по правило е обезбедено во стандардни двокреветни соби во хотели и сместувачки објекти чија што категорија е назначена во Програмата за патување. Доколку Патникот писмено не договорил сместување со посебни барања, ќе прифати било која службено регистрирана сместувачка единица во сместувачкиот објект опишан во Програмата на патување, без оглед на локацијата, положбата или делот на објектот ( главна зграда или депанданс ), кат, ориентација на соба и сл.
Договореното сместување може да се замени со сместување во објект од иста или повисока категорија на терет на Организаторот. Патникот е обврзан да ја прифати промената на сместувањето во друг објект од иста или повисока категорија во истото место. Сместувањето во објекти од пониска може да се изврши само во согласност на патникот при што следи враќање на разликата во цената сразмерно намалената категорија на сместувачкиот капацитет.

Патникот ја презема обврската за запознавање и почитување на правилата за однесување во сместувачките капацитети (за начинот на депонирање и чување на парите, дароценостите и вредните работи, забрана за внесување храна и пијалоци во собите, почитување на куќниот ред, посебно напуштање во собите во одредено време, соодветно облекување во рстораните и друштвените простории и сл.)

8. А) ПРЕВОЗ СО АВИОН

Превозот на патници со авион е регулиран со Меѓународните правила за авионски сообраќај и правилата на авионската компанија ангажирана од  Организаторот. За сите авионски патувања на редовните линии се подразбира патување на патници во економска класа.
Во случај на промена на предвиденото време на полетување од страна на авиокомпанијата како и задоцнување на авионот (на една или повеќе редовни линии или чартер летови во текот на патувањето), Организаторот не сноси одговорност за евентуални последици предизвикани со задоцнувањето, туку се применуваат важечките прописи и узанси од областа на авио-сообраќајот.
Несогласувањето на личните податоци дадени на Организаторот со податоците од пасошот на патникот (како на пример давање скратени и непотполни имиња од страна на патникот) има за последица издавање нова авионска карта чии трошоци паѓаат на товар на патникот; или картата може да биде прогласена за нерегуларна во текот на патувањето со сериозни последици за патникот.

Патникот е одговорен за сопствената авионска карта од моментот на добивање на истата од Организаторот – водичот на аеродром или вработен  во седиштето на агенцијата. Не постои можност за издавање дупликат карта, како и бординг карта. Патникот во целост ги презема последиците на нивното губење пред или за време на патувањето.

Б) ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ

Превозот со автобус и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси спрема прописите и критериумите кои важат во земјите каде е регистриран автобускиот превозник ангажиран од Организаторот.

Вообичаено, не постои однпаред утврден распоред на седење на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови за време на патувањето со автобус. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања кои како специфични ќе бидат регулирани со посебна одредба во програмот на патување.
Во случај на доцнење на автобусот поради временски услови, вонредни услови во сообраќајот, прекувремени задржувања на граници, дефект на автобусот или слично, организаторот не презема одговорност за евентуално настанато задоцнување.
Одредбите во врска со патувањата на брод или железница се наведени во програмите на патување во кои е предвидено користење на овие превозни средства.

9. ПАТНИ ЛЕГИТИМАЦИИ, ПОГРАНИЧНИ, ЦАРИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ

Општите услови за патување и информации објавени во програмите за патување кои се однесуваат за патните исправи се важечки само за државјаните на Република Македонија. Организаторот не презема одговорност и не е должен да ги запознае патниците, државјани на други држави, со прописите и правилата во врска со патувањето (визниот режим, царинските, здравствените и др. прописи) кои важат за крајната или транзитната земја. Странските државјани заинтересирани или пријавени за патувања во организација на ЕЛ МУНДО ДООЕЛ Скопје задолжително треба се информираат за прописите и правилата на патување кај надлежните дипломатски претставништва и самите навремено да обезбедат визи и легитимации.

ПАСОШ

За патување во странство Патникот е должен да поседува важечки пасош со рок на важење од најмалку шест месеци од денот на завршување на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на сопствениот пасош. Вработените во туристичката агенција (организаторот или агенцијата на овластениот посредник) не се надлежни ниту овластени да ја утврдат важноста и исправноста патните документи на патниците.
Сите последици на изгубените или украдените пасоши во текот на патувањето како и трошоците за издавање нови патни документи ги сносат самите патници.

ВИЗИ

Патникот е обврзан да достави точни податоци и комплетна документација за добивање виза/визи предвидени со прописите на амбасадите или конзуларните претставништва на земјите во кои се патува, во рок на предвидената програма на патување. Доколку организаторот посредува во стекнување на визата, а не ја добил предвидената потребна документација во предвидениот рок, ќе се смета дека патникот се откажал од патувањето. Организаторот не гарантира добивање виза, ниту пак гарантира добивање виза во бараниот рок и не презема никаква одговорност поради неисправност на пасошите и другите приложени документи (ако тоа е причината за одбивање на барањето за издавање виза од страна на дипломатското претставништво). Ако визата се обезбеди во посредство на Организаторот, Патникот во моментот на преземање на патната исправа од Организаторот задолжително проверува дали визата/визите се уредни и исправни.

 Во случај Патникот сам да обезбеди влезна виза за една или повќе држави самиот ја сноси одговорноста за исправноста и важноста на истата.

ПОГРАНИЧНИ, ЦАРИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ

Патникот е должен да ги почитува царинските, девизните и другите прописи на Република Македонија, транзитните земји и земјите во кои ќе престојува.
Според позитивните царински прописи Патникот може да изнесе од Р Македонија 5.000 ЕУР ефективни парични средства или чекови во иста вредност.
За патувања на малолетни лица во придружба на роднини, пријатели или трети лица потребна е пишана изјава за согласност на родителите заверена од страна на надлежните органи.
Доколку пограничните власти на некоја земја не одобри влез, транзит или престој на Патникот поради направен царински или друг прекршок или од други причини не одобрува влез, Организаторот во тој случај не презема одговорност и сите последици и трошоци во целост паѓаат на товар на Патникот.
За патувања надвор од европските земји Патникот е должен сам да провери за потребна вакцинација и набавување одредени меѓународни здравствени документи од Министерството за здравство на РМ.
Во врска со здравствената состојба, Патникот поради хронични болести, алергија, инвалидитет и сл., може да договори посебна услуга (специфична исхрана или посебно сместување), но Организаторот не презема одговорност за последиците по таа основа ако дополнителните обврски на патникот во врска со неговото здравје не се прецизирани во посебен писмен договор.
Доколку патувањето не може да се реализира поради пропустите на Патникот во врска со патните исправи, погранични, царински и здравствени прописи, ќе се примени одредбата од точка 10 од овие Општи услови на патување.

Патникот е должен да исплати надомест на штета напревана на организаторот или на трети лица, на кршење на законските или други прописи, како и на овие Општи услови на патување.
Личните податоци на патникот кои истиот ги дал на Организаторот поврзани со реализацијата на патувањето и обезбедувањето виза претставуваат деловна тајна. Адресата на Патникот, место, време и цена на патување како и имињата на сопатниците не смеат да се соопштуваат на други лица, освен на лица одредени со посебни прописи.

10. ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот може да се откаже од договорот во целост или делумно, во следните случаи:
А) Настанување вонредни околности кои доколку би постоеле во времето на реализација на програмата би биле оправдана причина на Организаторот дека програмата нема да се реализира и договорот нема да се склучи;
Б) Недоволен број пријавени патници и други објективни околности, при што Организаторот е должен да ги извести патниците 5 (пет) дена пред предвидениот почеток на патување, со обврска да ги врати уплатените средства на Патникот во целост, најдоцна во рок од осум дена од денот на добивање на писменото барање на Патникот.
Доколку во програмата на патувањето не е посебно наведено, за реализација на патувањето потребниот број на минимум пријавени патници би требало да биде:
  • За патување со автобус – 30 патници;
  • За патување на редовни авионски линии во Европа – 20 патници;
  • За патување на интерконтинентални авионски линии – 15 патници;
  • За патување на посебно договорени чартер летови, возови и хидро глисери – најмалку 80% исполнетост на капацитетот на превозносто средство.
Во случај, потполно откажување на договорот, Организаторот ќе настојува да му понуди на Патникот алтернативна програма на патување за иста или друга дестинација, која патникот треба во пишана форма во рок од 24 часа да ја прифати или одбие. Во случај на прифаќање на новиот договор се смета дека Патникот се откажува од било какво побарување спрема Организаторот врз основа на првобитното склучување на договорот. Организаторот пред почетокот и за време на патувањето го задржува на промена на денот или часот на патување, при што е должен без одложување да ги извести патниците.

Исто така, Организаторот има право на промена на маршрутата на патувањето. Доколку се променат условите на патување (промена на ред на летање, безбедносна ситуација, елементарни непогоди или други вонредни и објективни околности, како и во случај на виша сила) Организаторот нема обврска да испалти отштета или било каков надомест на патникот. Во наведените случаи Организаторот ги сноси евентуалните дополнителни трошоци за промена на програмата за патување. Доколку веќе започнато патување се прекине од оправдани причини, Организаторот има право на надоместување на навистина извршените услуги.

11. ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТНИКОТ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот има право да се откаже од патувањето и за истото е должен писмено да го извести Организаторот. Датумот на прием на писмената одлука за откажување на патувањето од страна на Патникот е основа за пресметка на надомест кој му припаѓа на организаторот, изразен процентуално во однос на вкупната цена на патување, и тоа:
  • 10% ако патувањето се откаже 30 дена пред поаѓање;
  • 20% ако патувањето се откаже 29 до 20 дена пред поаѓање;
  • 40% ако патувањето се откаже 19 до 15 дена пред поаѓање;
  • 80% ако патувањето се откаже 14 до 10 дена пред поаѓање;
  • 90% ако патувањето се откаже 9 до 6 дена пред поаѓање
  • 100% ако патувањето се откаже 5 до 0 дена пред поаѓање или во првата половина на истото.
Доколку Патникот го менува договореното место и датумот на патување, сместувачкиот објект,  или пак не добил виза и слично, се смета дека се откажал од патувањето и има обврска да ги надомести направените трошоци на Организаторот.
Доколку патникот се откажува од патување поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или одстрани (болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обврска и сл.), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по претходно наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на арнжманот.
Не се сметаат за оправдани причините за откажување или прекин на патувањето во случај на терористички напади, експлозија, зараза, епидемија и други болести, елементарни непогоди, непогоди од климатски фактори и слично за кои не е прогласена вонредна состојба од страна на надлежните државни органи.

Патникот има право да назначи друго лице кое наместо него ќе патува (под услов тоа лице да ги исполнува условите предвидени за конкретното патување) при што Патникот носи обврска да ги надомести реалните трошоци спрема Организаторот предизвикани од чинот на промена на патникот.

12. БАГАЖ

При патување со авион патникот има право на багаж до 20 кг. тежина (освен ако во авионската карта не е назначено нешто друго) и истиот го предава пред летот. Надминувањето на тежината во килограми како и вишокот багаж патникот го плаќа спрема важечките цени на авио-превозникот. Некои авиокомпании прифаќаат само едно парче багаж.
Во кабината на авионот Патникот смее да внесе еден рачен багаж (економска класа) со тежина до 8 кг и димензии 55 Х 40 Х 20 сентиметри.
Во рачниот багаж не смеат да се ставаат било какви остри предмети, со сечиво или шилец (ножици, острилка, турпија за нокти…) запаливи или отровни материи, поради безбедносни причини.
Почнувајќи од 6. Ноември 2006 година на сите аеродроми во ЕУ се применуваат новите безбедносни правила во врска со рачниот багаж, со посебни ограничувања за внесување течности во авионот.
Патникот има право да внесе во кабината на авионот мала количина производи во течна состојба. Течностите мора да се во поединечно пакување, максимум 100 мл по производ/артикл. Под течни артикли се подразбираат: вода и други видови пијалоци, сирупи, парфеми, гелови, пасти, кремови, распрснувачи и слично и истите мора да бидат спакувани поединечно во пластична проѕирна кеса со димензии 20 Х 20 центиметри со патент-затворач.
Патникот е должен детално да се информира за тарифите кои авиокомпаниите ги наплаќаат за вишокот багаж, директно кај авиокомпанијата или на нивните интернет сервиси.
При автобуски превоз Патникот има право на превоз на еден куфер или една патна торба во кутија за багаж и по правило, еден рачен багаж.
Патникот е должен да води грижа за предавањето и преземањето на својот багаж, при влез и при излез од превозното средство, како и за сопствениот рачен багаж, внесен во авион или автобус. Исто така, Патникот треба постојано да го има под своја контрола сопствениот багаж, од влезот до напуштањето на хотелот, а особено во ходниците и заедничките простории.
Организаторот не презема одговорност за изгубен, оштетен или украден багаж за време на патувањето, како и за багаж кој пристигнал со задоцнување за време или после патувањето.

Своие права во врска со изгубен, оштетен или задоцнет багаж, Патникот ги остварува лично и директно преку превозникот според важечките меѓународни и домашни правила и узанси.

13. ОСИГУРУВАЊЕ

Организаторот е должен да го извести Патникот за можностите на обезбедување полиса за здравствено осигурување за време на престојот во странство, како и осигурување на багажот, осигурување поради несреќен случај и осигурување за откажување на патувањето.
Со самото потпишување на договорот за патување Патникот потврдува дека му е понуден пакет за патничко осигурување.

14. ПРИГОВОР И РЕКЛАМАЦИЈА НА ПАТНИКОТ

Начин и услови на решавање на приговорите или рекламациите на патниците.
Патникот е обврзан без одложување и на самото место да го соопшти приговорот на претставникот на Организаторот. Доколку претставникот не е достапен, директно на Организаторот или непосредниот давател на услуги ( пример, превозникот или хотелиерот).

Патникот треба да соработува со добра намера за на самото место да се отстранат причините за приговорот и да го прифати понуденото решение кое одговара на договорената услуга.
Ако причината за приговорот не е отстранета на самото место, Патникот доставува писмен приговор во два примероци на претставникот на организаторот или вршителот на услугата, кој двајцата го потпишуваат. Патникот задржува еден примерок од приговорот.

Ако причината не е отстранета на самото место, (истиот ден или за време на патувањето) Патникот е обврзан тоа да го наведе во приговорот предаден на претсавникот на организаторот.
Доколку недостатоците не се отстранети на самото место, Патникот е обврзан во рок од осум дена од договорениот ден на завршување на патувањето да поднесе оправдана и документирана писмена рекламација исклучиво на Организаторот со која може да бара враќање на разликата во цена. Писменатата рекламација треба да го содржи приговорот од самото место на престој, сметки за трошоците кои евентуално ги платил во врска со неизвршените услуги и други докази.

Организаторот не разгледува групни рекламации. Секој патник, потписник на договор, во свое име и во име на лицата наведени во договорот или во име на лице со уредно полномошно застапување, поднесува поединечно евентуална рекламација.
Ораганизаторот е должен да ги земе во постапка само навремени, образложени и документирани рекламации за кои причината не можела да се отстрани на самото место во текот на патувањето.
Организаторот е должен да му достави на Патникот договор во пишана форма во рок од 15 дена, односно во истиот тој рок да ја исплати разликата во цена сметајќи од денот на приемот на соодветно оправданата рекламација.

Разликата во цена по основ рекламација на Патникот може да го достигне само износот на рекламираниот, неизвршен дел услуги и не може да опфати веќе искористени услуги, ниту пак да достигне износ на целокупната цена на патувањето.

Висината на надоместокот кој што се исплаќа по основани и навремени приговори е сразмерна на степенот на неизвршената, односно делумно извршената услуга. Доколку Патникот прифати исплата на надомест преку сразмерно намалување на цената или некој друг вид надомест се смета дека е согласен со предлогот на Организаторот за спогодбено решение за спорот, па оттука се откажува од сите понатамошни побарувања кон Организаторот во врска со спорниот случај.

Се смета дека со враќањето на разликата во цена на Патникот е постигнат заемен договор согласно законските прописи и овие Општи услови на патување.

Ако евентуалниот спор не може да се реши со меѓусебен договор, Патникот и Организаторот ја прифаќаат надлежноста на Судот на честа на СКТМ или местно надлежниот Суд во Скопје.
Секое барање на Патникот за отпочнување постапка пред надлежните органи пред истекот на рокот за решавање на рекламацијата се смета за предврено.

Давање информации во јавните медиуми за настанатиот спор пред истекот на рокот за решавање на рекламацијата Организаторот го смета за недобронамерно и повреда на постигнатиот договор и потпишаниот договор за патување.
Во случај на судски спор во врска со договорот за патување надлежен е судот во Скопје според седиштето на организаторот на патувањето.

15. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Усмени информации на продажните места за содржината на програмата и квалитетот на услугите кои што се разликуваат од оние содржани во писмената програма на патување или посебно напишани во договорот, не го обврзуваат Организаторот и не можат да бидат основ за поднесување приговор или рекламација на Патникот.
Податоци за климата, температурата, девизните курсеви и слично, наведени во програмата на патување се општи, генерални и подлежат на промени, па се сметаат за првични информации и истите не можат да бидат предмет на приговор Патникот.

16. ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА НА БАРАЊЕ

Доколку резервацијата биде прифатена од страна на патникот депозитот се пресметува во цената на патувањето.
Доколку резервацијата организаторот не ја потврди, депозитот во целост му се враќа на патникот. Ако патникот не ја прифати понудената или потврдената резервација, организаторот во целост го заджува депозитот.

17. ОПШТИ НАПОМЕНИ

Се молат патниците внимателно да ги прочитаат овие Општи услови на патување. Нивните одредби се составен дел на договорот за патување кој го потпишуваат Патникот и Организаторот. Со нив се одредуваат основните права и обврски на потписниците и се обврзувачки за двете договорни страни.

Се препорачува, сите заинтересирани за патување пред склучување на договор за патување да се информираат кај надлежните служби при Министерството за надворешни работи на РМ или на друг начин за земјите со т.н. умерен и висок ризик.

rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale