Далечни дестинации

Кина – 21ви Октомври

Прошетка низ Шангај и Пекинг во магичната Кина.
9 Дена, 7 ноќи
Авионски превоз до Кина, брз воз (High speed bulet train) од Шангај до Пекинг
Ексурзии

повеќе »

КУБА – 29ти јануари

…”ова е најубавиот остров кој што моите очи го виделе”…напишал Кристофер Колумбо – човекот кој што ги видел сите убавини на земјината топка. Куба е најголемиот карипски остров. Се наоѓа во “друштво” со Флорида, Кајманските острови, Бахамите, Хаити, Мексико и Јамајка каде што природата не штедела кога кога ја делела својата убавина. Прочуената Кубанска Револуција на чело со Фидел Кастро и Че Гевара предизвикала целосни санкции кои траеле цели 55 години. Од тогаш времето како да застанало. Куба и денес изгледа како пред 50 години. Единствено тука можете да го видите и доживеете минатото. Хавана е главен град на Куба. Архитектурата од колонијалното време, плоштади, улици, продавници, катедрали, паркови, пристаништа…во Хавана се поинакви од било каде на светот.

повеќе »

МАЈАМИ – КАРИБИ – ЊУЈОРК

По успешно организираната тура оваа година за Америка и Кариби,повторно е ставена во продажба за Април 2018 година.
Овој пат со најновиот брод на MSC Cruises – MSC SEASIDE.
Брод кој што ќе ја започне својата пловидба во Декември оваа година.
Бидете меѓу првите кои ќе пловат на прекрасниот MSC SEASIDE.

повеќе »

БАЛИ – СИНГАПУР

Сингапур е економски гигант и најмодерна островска град-држава во југоисточна Азија. Градот ги спојува малајската, кинеската, индиската и англиската култура и религија. Неговата единствена етничка таписерија им пружа на посетителите широк спектар на содржини за разгледување и откривање. Островот лежи еден степен северно од екваторот, и ги опфаќа островот Сингапур и 58 помали острови. Мноштвото рибни ресторани долж песочните плажи на источниот брег, ве повикуваат на излет, како и островот на забавата, Сантос. Главниот град, кој се вика Сингапур, покрива една третина од главниот остров.
Бали е инспирација, тропска состојба на умот, магичен остров опкружен со раскошни пејзажи, вулкани, смарагдно-зелени оризови тераси и бујни тропски шуми кои пружаат неисцрпен извор на енергија. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на насмеаните локални жители кои гордо ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет.

повеќе »

БАЛИ- февруари

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Неговото население (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, но ова е нешто што најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население, храна која е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано на овој мало парче од рај на земјата, сигурно ќе гo задоволи Вашиот вкус …

повеќе »

КУБА

Куба (шпан. República de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.

повеќе »

ИНДИЈА

ДЕЛХИ, ЗЛАТНИОТ ХРАМ ВО АМРИТСАР, ЦЕРЕМОНИЈАТА НА СМЕНА НА СТРАЖА НА ГРАНИЦАТА ВАГА, МУГХАЛ ГРАДИНИТЕ, ЏАМИЈАТА МАСЏИД, ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ТАЏ МАХАЛ, РАЈСКИОТ ГРАД ФАТЕПУР СИКРИ, ПРОЧУЕНИОТ НАЦИОНАЛЕН ПАРК РАНТАМБОРЕ КАДЕ ВО ОВА ВРЕМЕ ИМАТЕ ГОЛЕМА ШАНСА ДА ВИДИТЕ ТИГРИ, ЏАЈПУР, ПРЕКРАСНИОТ ЖАЈСАЛМЕР, ВЕЛИЧЕСТВЕНАТА ТВРДИНА ВО ЏОДПУР…

повеќе »

ЗАНЗИБАР МАРТ

Волшебен, егзотичен, романтичен… Див и софистициран… Секако назаборавен и воодушевувачки…

повеќе »

БИСЕР НА ИНДИСКИОТ ОКЕАН – ШРИ ЛАНКА

Шри Ланка, остров во Индискиот океан со површина од околу 65.000 квадратни километри, изобилува со запрепастувачко природно богатство, религија и култура. Од егзотични џунгли преку обработливи површини, непрегледни плантажи на кокосови палми, чаеви и зачини, до високи планини со густа вегетација и мистичен изглед, ја будат љубопитноста на своите посетители.

повеќе »

ХАВАИ, БЕВЕРЛИ ХИЛС И ВАШИНГТОН

Уживајте на најубавите хавајски острови Oahu и Maui во најсреќната земја на светот. Природа која ќе ве воодушеви и егзотични плажи…Прошетка по улиците на монденскиот Беверли Хилс каде што живеат филмските ѕвезди, славните спортисти, бизнисмени…Прошетајте низ престолнината на САД – Вашингтон, град кој привлекува најголем број на туристи….

повеќе »

РУБИНОТ НА АЗИЈА – БУРМА (МИЈАНМАР)

Земја во која залезот на сонцето не се заборава, каде златните храмови ве оставаат без здив, каде црвениот рубин е најубав на светот…

повеќе »

ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА, ВЕЛИГДЕНСКИ ОСТРОВИ И ЧИЛЕ

ТАХИТИ, БОРА БОРА, МУРЕА, ХУАХИН, ВЕЛИГДЕНСКИ ОСТРОВ И ЧИЛЕ СО ПОСЕТА НА НАЈПОЗНАТИТЕ ВИНАРИИ

повеќе »

РАСКОШНАТА КЕРАЛА – НАЈУБАВАТА ДРЖАВА НА ЈУЖНА ИНДИЈА

ЗЕМЈАТА НА “САМИОТ ГОСПОД” Тура и одмор на плажата МАРАРИ

повеќе »

БАНГКОК И ОДМОР НА ОСТРОВОТ КОХ САМУИ

Ова патување во земјата на слободата и насмевките, или популарно наречено Тајланд, ќе ви овозможи уживање во многубројните природни убавини, ќе ве запознае со фасцинантните будистички културно-историски споменици и преубавите тајландски специјалитети како и незаборавниот ноќен живот. Тоа е единствена земја на Идокинескиот полуостров која ја сочувала својата сопствена слобода во колонијално време.

повеќе »

ЕТИОПИЈА – РИЗНИЦА НА СВЕТСКОТО БОГАТСТВО

Историчарите сметаатдека Етиопија претставува колевка на човештвото… земја во која се наоѓаат многубројни значајни православни цркви и манастири. Прочуената Лалибела, најсветото место во Етиопија, заштитено како светско културно наследство на UNESCO во која церемонијата за велигден е вистинско незаборавно доживување.

повеќе »

ТАЈЛАНД

НОВА ГОДИНА ВО ТАЈЛАНД

повеќе »

АВСТРАЛИЈА, НОВ ЗЕЛАНД И ХОНГ КОНГ

АВСТРАЛИЈА, НОВ ЗЕЛАНД И ХОНГ КОНГ…

повеќе »

rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale