За нас

Почитувани клиенти, пријатели, соработници, 

Живееме во ера на модерната технологија. Сега е лесно кога ќе помислите на патување, независно дали е тоа  деловно или патување за одмор и релаксирање, веднаш седнувате пред Вашиот компјутер и почнувате да пребарувате по интернет страниците. Најчесто е тоа забавна работа но, понекогаш може да стане и напорна,  бидејќи не можете да ја пронајдете најдобрата понуда.  Кога ќе погледнете на часовникот, ќе сфатите дека поминале два, три часа од Вашето драгоцено време.

Тука настапуваме ние за Вас. ЕЛ МУНДО ЗА ВАС.

Целта на ова писмо е да одвоите малку простор за нашата агенција, да ни дадете можност да Ви покажеме како едно патување може да биде организирано од почеток до крај, без никаков проблем. Грижата за деталите околу Вашето патување нека биде наша обврска, а Вам  нека Ви останат само уживањето и прекрасните спомени  од вашиот престој во посакуваната дестинација. Дозволете тука да Ви помогнеме. Не трошете го своето драгоцено време непродуктивно. 

Зошто токму нам да ни се доверите?

Затоа што во ЕЛ МУНДО работи кадар со 20 годишно искуство во туристичкото агенциско работење.  Затоа што со ЕЛ МУНДО секогаш ќе добиете повеќе од колку што очекувате. Затоа што во секој момент на Вашето патување некој ќе се грижи за секој детал од тоа патување.  Затоа што ЕЛ МУНДО е светот, а ЕЛ МУНДО  е толку блиску до Вас.

Затоа што Вие го заслужувате најдоброто.

Тимот на Ел Мундо обрнува големо внимание на специфичните категории на клиенти  од сите страни на светот, како што се деловните луѓе на кои природата, содржината и динамиката на работењето ги условува за комбинирани деловни и туристички патувања.

Ел Мундо на своите клиенти им овозможува комплетен туристички сервис:

  • Туристички аранжмани
  • Авиобилети
  • Хотелски резервации
  • Туристички патувања во земјата и странство
  • Организирање на превоз со комбе, минибус и автобус
  • Организација на Конгреси, конференции, семинари и други манифастации
  • Team building
  • Rent a car
  • Трансфери

Одговорноста на вработените, постојаната надградба во образованието, усовршувањето на вработените се насочени кон квалитетно исполнување на барањата на клентите.

Подеднакво како за Вашите приватни патувања, така и за Вашите деловни патувања и настани Ел Мундо е подготвен за својот клиент. Кога една компанија организира настан подеднакво дали станува збор за поголем или помал, секако дека е важно тоа да биде еден беспрекорно органзиран настан, кој ќе ја постигне целта на организацијата. Како организатор на Вашите настани, Ел Мундо се става во улога на Ваш сервис организатор, кој внимателно го поставува и планита настанот на единствен и креативен начин, при што како Ваш партнер кој има долгогодишно искуство и контакти во областа на туризмот, обезбедуваме максимално поволни цени и услови за Вас.

Доверете ни ја организацијата на патувањето од Вашите соништа, одморот кој најмногу го посакувате или пак Вашиот значаен деловен престој, било каде во светот.

ЕЛ МУНДО е толку блиску до Вас! 


rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale